
Тимот на Интер Мајами запиша импресивна победа од 5-1 против Њујорк Ред Булс во натпревар од регуларниот дел на сезоната во американската МЛС – лига.
Благодарение на овој успех, „чапјите“ се доближија на само седум бодови од лидерот Синсинати во Источната конференција, а имаат и три натпревари помалку поради учеството на Светското клупско првенство.
Иако натпреварот започна добро за Њујорк, кои поведоа во 14. минута преку Александер Хак, Интер Мајами направи целосен пресврт уште до крајот на првото полувреме. Во 24. минута израмни Жорди Алба, а три минути подоцна Теласко Сеговиа донесе водство од 2-1.
Во третата минута од судиското продолжение на првиот дел, Сеговиа постигна уште еден гол по индивидуална акција.
Во второто полувреме, сцената ја презеде Лионел Меси. Во 60. минута зголеми на 4-1, а во 75. минута го постави конечниот резултат.
Во следниот натпревар, Интер Мајами ќе се соочи токму со Синсинати – тимот што неодамна ги совлада со убедливи 3-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Евро-фудбал
Реал Мадрид го продолжи договорот со Тибо Куртоа

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
