 
																												
														
														
													Години наназад се зборува за трансферот на Марко Арнаутовиќ во Црвена Звезда, а сега конечно можеби ќе биде направен тој чекор.
Доколку беше по негова желба, тоа ќе се случеше одамна, но тука беа вклучени агентите. Сепак, денешната изјава на неговиот брат и агент, Даниел, сугерира „нешто што Марко навистина го сака“.
Според извори на „Спортал“, Марко Арнаутовиќ е ново засилување на актуелниот шампион на Србија. Тој наводно ќе потпише договор на две години со Црвена Звезда в понеделник.
„Ќе се случи нешто во наредните десет до дванаесет дена, нешто што ќе го направи Марко среќен“, изјави Даниел Арнаутовиќ, потврдувајќи дека нема ништо од трансфер во Турција, Саудиска Арабија или МЛС – лигата.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														