 
																												
														
														
													Фенербахче постигна договор со Пари Сен Жермен за трансферите на Марко Асенсио и Милан Шкриниар, кои ќе му се приклучат на тимот на Жозе Мурињо за време на подготовките во Португалија. Како што пренесува турскиот медиум „A Spor“, двата клуба се согласиле на вкупна сума од 20 милиони евра, која ќе се исплаќа во рати.
Фенербахче покажуваше сериозен интерес за двајцата играчи, а особено Мурињо инсистирал на трајно доведување на словачкиот дефанзивец. Шкриниар, кој втората половина од минатата сезона ја мина како позајмен во Истанбул, брзо се наметна како клучен играч со три гола и една асистенција во 16 настапи. Фенербахче успеа да го обезбеди неговиот потпис и покрај конкуренцијата од други турски клубови.
Марко Асенсио, пак, ја прифатил понудата на Фенербахче и покрај интересот од Милан, Интер и Вилјареал. Турскиот клуб му понудил годишна плата од 9 милиони евра. Поранешниот член на Реал Мадрид моментно е на одмор, но се очекува во наредните денови да го потпише договорот.
Амбициите на Мурињо и клубот не застануваат тука – Фенербахче работи и на трансферот на Кингсли Коман од Баерн Минхен. Германскиот шампион е подготвен да го отстапи играчот со опција за трајно купување, а Мурињо веќе дал зелено светло доколку условите се соодветни.
Покрај тоа, клубот од Истанбул води во трката за потписот на Гранит Џака, кој се очекува да го напушти Баер Леверкузен летово.
Фенербахче продолжува со подготовките во Португалија, а на 21 јули ќе одигра контролен натпревар против португалскиот тим Леирија.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														