 
																												
														
														
													Лука Модриќ неодамна и официјално беше претставен во дресот на италијанскиот гигант Милан, а наскоро би можел да добие нов соиграч кој би пристигнал од редовите на Манчестер Јунајтед.
Откако помина неверојатни 13 години во кралскиот клуб, ова лето легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ го замени дресот на Реал Мадрид со оној на Милан.
Со доаѓањето на Хрватот, преодниот рок во Милан не е ни блиску до крај. Освен неколкуте заминувања што се најавуваат подолго време, ќе има и нови имиња во тимот од Апенините.
Милан е заинтересиран за нов централен напаѓач, а според англискиот „Скај Спортс“, станува збор за корпулентниот Расмус Хојлунд.
Како што наведува овој извор, италијанскиот клуб сериозно размислува за ангажман на данскиот фудбалер и веќе се распрашува за условите на трансферот.
Хојлунд пристигна во „црвените ѓаволи“ во летото 2023 година и од него се очекуваше многу, но досега не успеа да се наметне ниту кај Аморим, ниту кај неговите претходници.
Ова лето Манчестер Јунајтед донесе две звучни засилувања, Матеус Куња и Брајан Мбеумо, па логично е да се очекува дека Данецот би паднал во втор план доколку остане на „Олд Трафорд“.
Многумина сметаат дека промена на средината би била одлична за двете страни, а Милан е совршена наредна дестинација за 22-годишниот напаѓач.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														