
Македонската репрезентација до 17 години на 5. октомври заминува за Полска на квалификацискиот турнир за пласман во eлитнаta фаза за Европско првенство. Нашата селекција ќе се соочи со репрезентациите на Полска, Белгија и Лихтенштајн.
„Групата во која се наоѓаме е исклучително силна. Белгија и Полска се фаворити, белгијците доаѓаат од првиот барабан, имаат многу силна генерација, додека Полска како домаќин на турнирот, исто така ќе ја бара својата шанса за највисок пласман. На хартија двете селекции се фаворити, но тоа не значи дека ќе се предадеме однапред. Напротив, напорно работевме во изминатите седум месеци, сметам дека имаме свои адути и ќе се обидеме на секој начин доколку ни се укаже шанса да ја искористиме. Позитивни сме, иако двајца фудбалери поради повреда нема да бидат со нас, сепак мислам дека направивме добра анализа и мораме да бидеме оптимисти во пресрет на турнирот“ – вели селекторот Горан Станковски.
Македонската репрезентација отвора против домаќинот на турнирот, Полска на 9. октомври во Торун, на 12. октомври играме со Белгија, дедека три дена подоцна квалификацискиот турнир го затвораме против Лихтенштајн.
Селекторот Горан Станковски за трите натпревари преку кои Македонија до 17 години ќе бара место во Елитна фаза квалификации за ЕП ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Стефан Митрев (Арау, Швајцарија), Душан Герасимовски (Работнички), Лука Стојковски (Вардар);
Одбрана: Љавдрим Ибраими (Работнички), Резарт Коколари (Аѕури, Швајцарија), Борче Гогов (Академија Пандев), Филип Ѓорговски (Вардар), Самет Реџепи (Шкупи), Кристијан Тасески (Аугзбург, Германија);
Среден ред: Октај Ракипи (Шкендија), Албин Лимани (Солотурн, Швајцарија), Дарко Стојановски (Академија Пандев), Христијан Георгиевски (Работнички), Мартин Талаков (Академија Пандев), Андреј Стојчевски (Вардар);
Напад: Бехар Фета (Фортуна), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска), Албин Таипи (Ренова), Емир Саитовски (Домжале, Словенија), Елези Дашмир (Шкендија), Љупче Кудев (Брегалница).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси

Евро-фудбал
Арсенал еден месец ќе биде без Салиба

Евро-фудбал
Нагелсман: Не стравувам дека ќе добијам отказ

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска
