Македонската репрезентација до 18 години ремизираше (3-3) против врсниците од Израел на вториот пријателски натпревар одигран на гостински терен.
Македонија предводена од Шкумбин Арслани водеше со 2-1, но на крајот се спасуваше од пораз откако Методи Максимов го даде голот за 3-3 во 75. минута.
Израел поведе со 1-0 уште во втората минута, но македонската репрезентација преку Леон Игњатов во 10. минута израмни на 1-1. Игњатов постигна ефектен гол од слободен удар. Веќе во 20. минута Миран Салији носи водство за нашата селекција од 2-1.
Во второто полувреме, Израел направи пресврт со головите во 48. и 60. минута, но позитивен резултат за македонските фудбалски надежи донесе Методи Максимов со погодокот за 3-3 во 75. минута.
Македонија настапи во следниот состав: Николоски, Далипи, Терзиев, Крстевски, Асани, Николов, Рамани, Илиевски, Салији, Игњатов, Салији; Играа уште: Омерагиќ, Ѓуркоски, Максимов, Станковски, Петејчук и Ќамили;
Првиот дуел меѓу двете селекции заврши со убедлива победа од 3-0 за Израел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













