
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесе повеќе важни одлуки поврзани со организацијата на натпреварувањата, а една од точките се однесуваше на одлука за формирање на нова репрезентативна селекција до 20 години.
УО на ФФМ ги усвои пропозициите за натпреварување во Прва, Втора и Трета македонска фудбалска лига за сезоната 2025/26;
УО на ФФМ ги усвои пропозициите за Куп натпреварувањето во сениорска конкуренција (мажи) за натпреварувачката сезона 2025/26;
УО на ФФМ ги усвои предложените измени и дополнувања на Правилникот за натпреварување на ФФМ;
УО на ФФМ ги усвои измените и дополнувањата на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери;
Измената се однесува на можноста клубовите од Прва и Втора МФЛ, кои имаат склучено професионален договор со фудбалер, кои согласно својата возраст може да настапува и за младинци, да може и по склучување на професионалниот договор да настапува и во екипата на клубот во младинци;
УО на ФФМ донесе одлука за именување на Александар Таневски за селектор на новоформираната македонската репрезентација до 20 години.
Александар Таневски, во изминатите осум сезони од тренерската кариера има водено вкупно 196 официјални натпревари како шеф на стручен штаб во Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Тренерската кариера ја започна во ФК Скопје, обезбедувајќи промоција во највисок ранг, истиот успех го повтори со ФК Македонија ЃП, тим со кој играше финале на Купот на Македонија и обезбеди место во Европските купови. Работеше во Академија Пандев, а последниот ангажман го имаше во ФК Беса.
УО на ФФМ донесе одлука со која Емил Божиновски е именуван за нов претседател на Судискиот одбор, на местото на Александар Ставрев. Јосип Бартон е назначен за член на Судискиот одбор на местото на Дејан Костадинов.
Емил Божиновски е поранешен македонски фудбалски судија и долгогодишен интернационален судија со богата кариера на домашната и европската сцена. Судел на натпревари од Лигата на шампионите, Лига Европа и квалификации за големи натпреварувања. По завршувањето на активното судење, продолжува како контролор на судење на натпревари во организација на УЕФА и ФИФА. Во рамки на ФФМ, Емил Божиновски, одреден период беше претседател на Судиската комисија, одговорен за организацијата и развојот на судиите, како и за спроведување на стручни семинари и воведување на нови технологии.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
