
Диого Жота (28), напаѓачот на Ливерпул, загинал во сообраќајна несреќа, јавуваат шпанските медиуми. Заедно со него загинал и неговиот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер. Браќата загинале кога нивниот автомобил, нешто по полноќ, излетал од патот и се запалил. Несреќата се случила во шпанската покраина Замора, каде што Жота бил на одмор по неговата венчавка што се одржала пред 12 дена.
Фудбалерот на Ливерпул загинал кога автомобилот во кој патувал со брат му Андре, кој исто така е професионален фудбалер, излетал од патот и се запалил. Според сведоците што повикале итна помош, автомобилот бил во пламен што се проширил и на околината.
Очевидци веднаш ги известиле итните служби, но пожарникарите, сообраќајната единица на цивилната гарда, итната помош и медицинскиот персонал од здравствениот центар во Момбуе по пристигнувањето можеле само да ја констатираат смртта на двајцата млади мажи. Неговиот брат Андре играше за португалскиот второлигаш Пенафил.
Роден на 4 декември 1996 во Порто, Жота ја започна својата професионална кариера во португалскиот клуб Пакош де Фереира, каде брзо го привлече вниманието. Бргу потоа го ангажираше Атлетико Мадрид, но никогаш не настапи за шпанскиот клуб бидејќи веднаш беше испратен на позајмици – прво во Порто, а потоа во Вулверхемптон, каде што остави силен впечаток и стана клучен играч.
Откако му помогна на Вулверхемптон да избори промоција во Премиер – лигата, Жота во 2020 година премина во Ливерпул за околу 45 милиони евра. Во тимот на Јирген Клоп брзо се вклопи благодарение на својата подвижност, чувство за гол и работа без топка.
Во својата прва сезона во Ливерпул постигна 13 голови и покрај тоа што извесен период беше повреден, а во следните сезони го зацврсти својот статус како важен член на тимот. Минатата сезона одигра 26 натпревари во Премиер – лигата, постигна шест голови и запиша четири асистенции.
За португалската репрезентација дебитираше во 2019 година, и настапи на Европското првенство 2020 и Светското првенство 2022. До смртта забележа 49 настапи и постигна 14 голови за националниот тим.
Жота се ожени со својата долгогодишна партнерка Руте Кардозо пред две недели. Заедно беа уште од 2012 година, а Жота ја побара за жена во јули 2022.
Споделувајќи фотографии од свадбата на социјалните мрежи, поранешниот напаѓач на Ливерпул напиша: „22 јуни 2025. Засекогаш.“ Двојката имаше три деца.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
