Connect with us

Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Напаѓачот на Рома, Тами Ејбрахам, ќе ја продолжи кариерата во Бешикташ. Турскиот клуб постигнал договор со „волчицата“ за трансферот на англискиот напаѓач.

Сумата на зделката ќе изнесува околу 20 милиони евра. Ејбрахам прифатил да го облече дресот на Бешикташ и се очекува многу скоро да отпатува за Турција.

27-годишниот напаѓач минатата сезона ја мина како позајмен играч во Милан. Во Серија А одигра 29 натпревари, постигна три гола и забележа четири асистенции. Сепак, „росонерите“ не ја искористија опцијата за откуп на неговиот договор.

Рускиот гигант Зенит исто така покажал интерес за поранешниот фудбалер на Челси, но тој одлучил да премине во Бешикташ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови