
Интер Мајами го заврши своето патување на Светското клупско првенство со пораз од моќниот ПСЖ (4-0) во осминафиналето. Парижаните го решија натпреварот уште во првото полувреме, а и покрај убедливиот резултат, Лионел Меси излезе со мирен тон – полн со почит и задоволство од постигнатото.
„Очекувавме тежок натпревар, и точно тоа го добивме. Дадовме сè од себе, не се штедевме, но сепак загубивме од шампионот на Европа“, искрено призна Меси.
„ПСЖ е врвна екипа. Имаат неверојатен состав, играат одлично, и да – заслужено се таму каде што се.“
Аргентинската легенда не го криеше задоволството што повторно ги сретна своите поранешни соиграчи.
„Има многу луѓе таму кои ги ценам и ми беше мило што повторно се видовме. За мене, тоа беше посебен момент“, истакна Меси.
Иако натпреварувањето заврши порано од посакуваното, Меси испрати порака на гордост.
„Остваривме нешто значајно – се пласиравме меѓу најдобрите 16 екипи во светот. Сега ја вртиме страницата и се фокусираме на предизвиците во МЛС.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
