Connect with us

Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Наполи го повлече интересот за напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, поради високите финансиски побарувања од страна на англискиот клуб, пренесува „Скај Спорт Италија“. Наместо тоа, тимот од „Сан Паоло“ се насочува кон пореално и подостапно решение – Лоренцо Лука од Удинезе.

Италијанскиот клуб интензивно работи на засилување на напаѓачката линија за сезоната 2025/26, со цел да ја намали зависноста од Ромелу Лукаку. Наполи бил подготвен да инвестира 43 милиони евра за Нуњез, но Ливерпул не се откажал од барањето од 50 милиони, што ги натера „партенопеите“ да ја прекинат операцијата и да се свртат кон Лука.

Лоренцо Лука, кој има 24 години, е проценет на околу 30 милиони евра, а со евентуален трансфер во Наполи ќе добие можност да се наметне и во селекцијата на Италија.

Ова лето Наполи е мошне активен на трансфер пазарот – веќе е постигнат договор со ПСВ за Ноа Ланг, а се финализираат и преговорите со Болоња за ангажман на брзоногиот Дан Ндоје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови