
Престојот на Кристијано Роналдо во Ал-Наср продолжува, откако клубот официјално го објави новиот договор, кој ќе важи до 2027 година. Финансиските детали не се потврдени, но според шпанската „Марка“, Португалецот ќе заработи околу 400 милиони евра за наредните две години, како и околу 5% сопственост во клубот.

Британскиот „Сан“, пак, објави поинакви бројки – близу 600 милиони евра и 15% сопственост во клубот.
Претходниот договор на Роналдо истекуваше на 30 јуни, што отвори простор за шпекулации за можна разделба. Сепак, самиот Роналдо пред две недели јавно потврди дека останува во редовите на саудискиот клуб, каде настапува веќе две и пол години.
Во тој период, 40-годишниот голгетер постигна 93 гола на 105 натпревари за Ал-Наср, но сè уште нема освоено поголем трофеј.
„Ал-Наср засекогаш. Отвораме ново поглавје. Иста страст, иста цел. Ајде да испишеме историја заедно“, изјави Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
