
Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс е приоритет во летната трансферна стратегија на Баерн Минхен. Баварците сакаат да донесат ново крило, а главна цел им е фудбалерот на Атлетик Билбао.
Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, веќе одржал средба со агентите на Вилијамс за потенцијален трансфер, пренесува „Билд“. 22-годишниот фудбалер има откупна клаузула во висина од 58 милиони евра, но се чини дека поголема пречка е неговата голема плата.
Макс Еберл се сретнал со агентите на Нико Вилијамс во неделата во Минхен, пред финалето на Лигата на нации.
Веќе е познато дека Лирој Сане ќе ја напушти „Алијанц Арена“, а ако дојде и до продажба на Кингсли Коман, тогаш Баерн ќе мора да ангажира две нови крила.
Атлетик Билбао исто така планира да му понуди продолжување на договорот на Нико Вилијамс со подобрени финансиски услови – околу 10 милиони евра годишна плата – во обид да го задржи што подолго во своите редови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња
