Connect with us

Милевски: Задоволство е како одигравме против Белгија, но веќе мислиме на Казахстан

Фудбалската репрезентација на Македонија успеа да ја сопре фаворизираната Белгија играјќи 1-1 на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје. Езгјан Алиоски беше стрелец на израмнувачкиот гол во 87.минута од мечот.

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од настапот на националниот тим и од тоа што продолжи и позитивната серија на Македонија без пораз.

“Честитки за фудбалерите на македонската репрезентација, ми претставува задоволство од тоа како се спротивставивме на најголемиот фаворит во групата. Секогаш напоменувам дека тимската игра е тоа што треба да не краси и на овој меч го исполнивме во целост. Алиоски постигна феноменален гол. Но, сега веднаш се фокусираме на мечот со Казахстан. За жал, ќе бидеме ослабени бидејќи Исник Алими и Бојан Димоски нема да патуваат со нас за Астана поради повреди”, изјави Благоја Милевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови