Connect with us

Руди Гарсија: Ремито е реално, Македонија знае да ги користи шансите

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Руди Гарсија, истакна дека ремито е реален епилог на дуелот. Македонија израмни со одличниот гол на Алиоски во 87.минута, а Белгијците немаа можност за втор гол, откако поведоа преку Максим де Кујпер во 29.минута.

“Ремито е реално. Ние не одигравме голем меч. Бевме на чекор до победа, но Македонија израмни во финишот. Знаевме дека домаќинот знае да ги користи шансите. Во првото полувреме двапати го погодија дирекот, но тоа им се врати на крајот. Ние можеби требаше претходно да постигнеме втор гол, но не успеавме”, изјави Руди Гарсија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови