Англискиот шампион Ливерпул се приклучи на германскиот Баерн Минхен во трката за потписот на ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесува „TuttoMercatoWeb“.
Италијанскиот гигант одреди висока цена од 130 милиони евра за напаѓачот, бидејќи нема особена желба да се раздели со португалскиот репрезентативец, но пропуштеното учество во европските натпреварувања може да доведе до заминување на некои од големите имиња во тимот.
Таков играч е и Леао, кој минатата сезона постигна 12 голови и забележа 13 асистенции за миланскиот клуб во сите натпреварувања.
Рафаел Леао е дел од Милан веќе шест години, откако пристигна од францускиот Лил во август 2019 година.
25-годишниот фудбалер има уште три години од договорот со клубот, но можно е да замине веќе ова лето.
Леао и неговото окружување ќе ги разгледаат сите понуди пред да донесат конечна одлука.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













