
Во петок, на 6 јуни, Скопје ќе пулсира во ритамот на фудбалот – македонската репрезентација ќе го пречека силниот тим на Белгија на националната арена „Тодор Проески“. Натпреварот започнува во 20:45 часот и претставува клучен дуел во борбата за пласман на Светското првенство 2026.
Очекувањата се јасни – полни трибини, громогласна поддршка и борбеност до последниот свиреж. Селекторот Благоја Милевски и неговите избраници ќе имаат шанса да се докажат против еден од главните фаворити во групата, пред домашната публика.
Билетите веќе се пуштени во продажба и се достапни по симболични цени – од 300 до 500 денари. Може да се набават онлајн преку новата платформа на ФФМ: eticket.ffm.mk, а од 4 јуни ќе бидат достапни и на билетарата на стадионот.
Ако некогаш имало време да се биде дел од нешто големо – тоа е сега. Поддржи ја Македонија во најтешкиот, но и највозбудливиот предизвик досега!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби

Млади репрезентации
Македонија У-15 и вторпат го победи Косово
