
Се раситнуваат деновите до дуелот со Белгија, а националниот тим конечно е комплетен. Денешниот тренинг го одработи и капитенот Енис Барди, кој по завршувањето на клупските обврски во Турција конечно му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски.
Во наредните четири дена, Македонија ќе може во комплетен состав да гради тактика за важниот дуел против Белгија, кој ќе се одигра в петок (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Атмосферата е оптимистичка, македонските фудбалери сигурно ќе го дадат својот максимум, а очекуваат голема поддршка и од трибините против силниот противник.
Фото: ФФМ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Палиња сака да го откупи Тотенхем

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
