Димитар Митровски зад себе има фантастична сезона во дресот на Вараждин и сега со полна самодоверба се приклучува на македонската репрезентација. Со извонредните настапи во Првата хрватска лига, 24-годишниот офанзивец се најде и во идеалниот тим на сезоната – признание што само го потврдува неговиот напредок.
Сега, предизвикот е репрезентативен: мечеви против Белгија и Казахстан.
„Не чека многу тежок натпревар. Треба темелна анализа – да знаеме каде и како да реагираме. Ќе бидеме максимално подготвени, ќе дадеме сè од себе. Секој бод е важен, секој меч носи нешто. Работиме многу на психолошкиот и тактичкиот дел, и се надевам дека ќе изгледаме добро“, изјави Митровски.
Македонија ја пречекува Белгија на 6 јуни (петок, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“, додека на 9 јуни ќе гостува кај Казахстан во следниот квалификациски дуел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













