
Пари Сен Жермен е на чекор до освојување на својата прва титула во Лигата на шампионите! Францускиот гигант одигра фуриозно прво полувреме против Интер и на паузата заминува со предност од -:0 на „Алијанц Арена“ во Минхен.
Избраниците на Луис Енрике тотално го надиграа италијанскиот претставник и уште од самиот почеток покажаа дека се решени ова да биде нивната вечер. Ашраф Хакими го отвори резултатот веќе во 12. минута, по убава акција и прецизен удар за 1-0.
Само осум минути подоцна, младиот Дуе ја зголеми предноста на 2-0, по што ПСЖ целосно ја презеде контролата врз натпреварот. Интер изгледаше непрепознатливо, немоќен и без идеи во офанзива, иако пред самиот крај на полувремето Маркус Турам имаше шанса да намали, но не успеа да реализира.
На спротивната страна, Осман Дембеле во 44. минута можеше да ја зголеми предноста на ПСЖ, но неговиот обид заврши крај голот.
Парижаните сега се само едно полувреме далеку од испишување историја и освојување на првиот европски трофеј, додека Интер ќе мора драстично да ја промени играта доколку сака да се врати во натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
