
Вечерашното финале на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Интер на „Алијанц Арена“ во Минхен ќе биде историско не само поради новиот формат на натпреварувањето, туку и поради главниот судија – Иштван Ковач.
Со назначувањето на Ковач за главен арбитар, 40-годишниот Романец ќе стане првиот судија во историјата што има водено финални натпревари во сите три актуелни европски клупски натпреварувања: Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Во 2022 година, Ковач го судеше првото финале на Конференциската лига, меѓу Рома и Феенорд (1-0).
Во 2023 година, тој беше на центарот на теренот на финалето од Лига Европа, кога Аталанта го победи Баер Леверкузен со 3-0 во Даблин.
Вечерва ќе ја комплетира колекцијата со финалето во најпрестижното европско натпреварување.
На официјалниот сајт на УЕФА, се истакнува дека Ковач се има етаблирано како еден од најдобрите судии во Европа, со високо ниво на конзистентност, фер одлуки и силна ментална подготвеност. Освен професионалниот успех, се нагласува и неговата способност да балансира меѓу судиската кариера и семејниот живот – неодамна стана татко.
„Судијата Иштван Ковач ќе го комплетира полниот сет финалиња од европските клупски турнири кога ќе го води натпреварот во Минхен. Тоа ќе биде горд момент за 40-годишниот арбитар“, објави УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
