
На „Алијанц Арена“ во Минхен, фудбалскиот свет вечерва ќе биде сведок на историскиот прв финален меч во новиот формат на Лигата на шампионите, каде силите ќе ги одмерат Пари Сен Жермен и Интер.
Францускиот гигант ПСЖ се надева дека конечно ќе ја освои првата европска титула во својата историја, додека Интер ја брка четвртата круна, по последниот триумф во 2010 година.
„Нероаѕурите“ досега имаат три победи и три порази во финалињата, додека ПСЖ има само едно финале – загубено од Баерн Минхен во 2020 година (0-1).
Додека статистиката и букмејкерите даваат предност на ПСЖ поради импресивниот напад и елиминација на три премиерлигашки екипи, Интер важи за тим кој не се предава лесно – најдобро покажа против Барселона кога направи пресврт и избори пласман понатаму.
На клупите, предноста е на страната на Луис Енрике, кој веќе еднаш ја освоил титулата со Барселона во 2015 година. Симоне Инзаги, од друга страна, ќе се обиде првпат да ја донесе највредната европска титула во Милано како тренер.
Со евентуална победа на ПСЖ, Франција би добила втор клуб со европска титула, по Марсеј, кој е единствениот досега со трофеј, додека шест други финалисти од француската лига останале без слава.
Финалето ветува спектакл и ќе биде можност за двете екипи да остават вечна трага во новата ера на најпрестижното клупско натпреварување во Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
