
Холандскиот репрезентативец и еден од клучните фудбалери во средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, ќе остане на „Камп Ноу“ и во наредните сезони, откако се договорил со клубот за продолжување на соработката до летото 2029 година.
Новиот договор ќе вклучува подобрени финансиски услови и доверба од страна на клубот дека Де Јонг ќе биде столб на тимот во иднината.
28-годишниот играч изминатата сезона запиша 45 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и забележувајќи две асистенции. И покрај неколкуте повреди кои го забавија неговиот ритам, стручниот штаб на Барса предводен од Ханси Флик и натаму смета на него како главен организатор на играта во средниот ред.
Френки де Јонг се приклучи на Барселона во 2019 година од Ајакс, и со години наназад е цел на големи европски клубови, меѓу кои Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Сепак, Холанѓанецот одлучи да ја продолжи својата кариера во Шпанија, покажувајќи лојалност и посветеност кон клубот.
Моменталната вредност на Де Јонг се проценува на 45 милиони евра.
Овој потег на Барселона се толкува како дел од стратегијата за стабилизирање на тимот и задржување на најдобрите фудбалери во обидот за освојување на трофеите и во наредната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
