
Фудбалерите на Интер важат за аутсајдери според прогнозите, но воопшто не се загрижени поради фаворитската улога на Пари Сен Жермен пред големото финале во Лигата на шампионите. Италијанскиот репрезентативец Николо Барела, кој беше стартер и во загубеното финале против Манчестер Сити во 2023 година, е решен овојпат да го однесе трофејот во Милано.
„По една ваква силна сезона, редно е да дадеме сè од себе за незаборавно финале. Мора да бидеме максимално посветени на теренот“, изјави Барела.
„Имаме огромна желба за победа – за нас самите, за соиграчите, за сите кои не поддржуваат безусловно. Главите ни се полни со мисли, но мора да бидеме доволно паметни и ментално чисти за да се фокусираме само на играта“, додаде тој.
Барела откри дека повторното учество во финале од ЛШ е исполнување на детскиот сон.
„Ова е сонот на секое дете – да игра во ваков натпревар. Таквите моменти остануваат засекогаш во тебе. Против Сити одигравме добро, но недостасуваше завршен потег. Сега ќе бидеме уште повнимателни – нашата цел е да го освоиме трофејот и да го однесеме во Милано.“
Италијанецот не ја потценува средната линија на ПСЖ, но верува дека колективната сила на Интер ќе биде клучна.
„Нема дилема дека ПСЖ има една од најсилните линии во средниот ред. Но, ние како тим докажавме што значи единство – особено против Барселона. Без колективна игра не можеш да победиш вакви ривали“, заврши Николо Барела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
