
Душан Тадиќ, легендата на српскиот фудбал и поранешен капитен на репрезентацијата со 111 настапи за националниот тим, веќе не е играч на Фенербахче. Тадиќ, кој настапуваше како десно крило, за две сезони во истанбулскиот клуб одигра 109 натпревари, постигна 29 голови и асистираше за уште 35.
Фенербахче се прости од него преку социјалните мрежи со видео од највпечатливите моменти на Тадиќ во дресот на клубот и со порака:
„Ти благодариме, Душане, за твојата елеганција, дух и непоколеблив карактер во овој тим. Водеше со пример и замина со вечно почитување.“
За само неколку часа, Фенербахче остана без двајца ветерани – Един Џеко и Душан Тадиќ, кои беа доведени пред две години со цел да го симнат Галатасарај од врвот на турскиот фудбал и да направат европски исчекор. Во рамки на тој проект беа донесени и хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ и Жозе Мурињо.
Сепак, клубот со сите тие ѕвезди не успеа да ги оствари зацртаните цели, а по заминувањето на Џеко и Тадиќ, од балканската „колонија“ во тимот остана само Ливаковиќ. Но, според турските медиуми, и неговото заминување е многу блиску.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
