
Џанпјеро Гасперини реши да ја преземе Рома, а Антонио Конте одлучи да остане во Наполи. По ова, Јувентус се насочил кон португалскиот тренер Марко Силва, тврди „Скај Спорт Италија“.
Игор Тудор, кој оваа сезона го наследи Тијаго Мота, се очекува да го води Јувентус на Светското клупско првенство, но не се верува дека ќе остане долгорочно на чело на „старата дама“. Се претпоставува дека промената би се случила на почетокот од следната сезона.
47-годишниот Марко Силва веќе четврта сезона е менаџер на Фулам, кој во 2025 година го заврши шампионатот на 11. место во Премиер лигата. Пред да ги преземе „котиџерс“, Марко Силва беше тренер на Ешторил, Спортинг Лисабон, Олимпијакос, Вотфорд и Евертон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
