Франческо Ачерби стана херој на Интер во драматичната полуфинална битка против Барселона. Во 93. минута, кога се чинеше дека Интер е елиминиран, 37-годишниот дефанзивец се појави во нападот и со прв свој гол во европските натпреварувања донесе израмнување. Гол кој го одведе мечот во продолженија, а потоа и го отвори патот за финале на Лигата на шампионите.
Но, зад тој момент стои една неверојатна животна приказна.
Ачерби својата фудбалска кариера ја започна доцна – до 22 години играше аматерски фудбал, а дури во 2010 доби шанса во Серија А. Кариерата почна да се движи нагоре со трансфер во Милан, но истиот ден кога требаше да го живее сонот, го изгуби таткото. Тоа го турна во алкохол и депресија.
Судбината повторно му зададе удар во 2013, кога му беше дијагностициран тумор на тестисите. По операцијата, ракот се врати – следеше хемотерапија, но и нова победа.
„Ракот ми го спаси животот. Ме натера да се разбудам и да станам вистински професионалец,“ вели Ачерби.
По закрепнувањето, стана пример за дисциплина и истрајност. Стабилност најде во Сасуоло, а потоа и во Лацио, со кого беше дел од репрезентацијата што го освои ЕВРО 2021. Во 2022 година потпиша за Интер, со кого веќе освои Серија А и Купот на Италија.
Сега, со историскиот гол против Барселона и пласманот во финале, Ачерби е чекор до најголемото – титулата во Лигата на шампионите.
Од алкохол и рак, до јунак на најголемата сцена – Франческо Ачерби е доказ дека никогаш не е доцна за втор почеток.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













