Connect with us

Голманот на Баерн пред историски успех, може да слави титула и во Бундеслигата, и во „Цвајта“ – во иста сезона

Младиот голман на Баерн Минхен, Јонас Урбих, е на чекор да влезе во историјата на германскиот фудбал. Тој би можел да стане само третиот играч кој ќе освои титули во двете највисоки лиги – Бундеслигата и Втората Бундеслига – во истата сезона.

Баерн веќе го обезбеди шампионскиот трофеј во Бундеслигата, додека Келн, клубот од кој Урбих беше доведен во јануарскиот преоден рок, има шанса за промоција во елитата. Тимот од Келн заостанува само еден бод зад лидерот Хамбургер, а до крајот на сезоната остануваат уште две кола – гостување кај Нирнберг и домашен дуел со Кајзерслаутерн.

Урбих, кој има 21 година, веќе има 12 настапи за Баерн оваа пролет, а минхенскиот гигант за неговите услуги плати 7 милиони евра. Ако Келн успее да ја освои Втората Бундеслига, Урбих ќе се израмни со Паси Раутијанен (Баерн/Вердер) и Франк Хартман (Баерн/Хановер) – единствените двајца фудбалери кои досега го постигнале истиот успех.

Пред младиот германски голман е ретка можност за двоен триумф, кој би го запишал во аналите на германскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови