Connect with us

Рафиња: Бев многу блиску да играм за Италија на ЕВРО 2020

Ѕвездата на Барселона, Рафиња, призна дека бил на чекор од тоа да настапува за репрезентацијата на Италија и да биде дел од тимот на Роберто Манчини кој ја освои титулата на ЕВРО 2020. Како што е познато, поради пандемијата, Европското првенство се одигра во летото 2021 година, а финалето беше на 11 јули.


Во август истата година, Рафиња ја доби својата прва покана за репрезентацијата на Бразил, а во октомври го имаше и своето деби за „Селесао“.

„Бев многу блиску до тоа да ја прифатам поканата од италијанската репрезентација. Требаше да одам на ЕВРО 2020, кое тие го освоија. Во принцип, бев подготвен да одам. За среќа, пасошот не стигна на време. Во тој период луѓето од италијанскиот национален тим постојано ми се јавуваа. Жоргињо ме викаше без престан. Италијанскиот стручен штаб имаше неверојатен план за мене, што навистина ми го привлече вниманието. Но, во исто време, длабоко во себе сѐ уште имав еден процент надеж дека можам да го носам дресот на Бразил. За среќа, италијанскиот пасош не ми беше подготвен на време“, откри Рафиња.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови