
Вест Хем во 35. коло од Премиер – лигата на домашен терен одигра 1-1 против Тотенхем, но на натпреварот се случи една сцена која привлече големо внимание. Играчот на Вест Хем, Лукас Пакета, во 73. минута доби жолт картон поради прекршок над противникот, а кога судијата Мајкл Оливер му ја покажа опомената, Бразилецот реагираше многу емотивно.
Пакета сметаше дека неговиот прекршок не бил за жолт картон и очајно протестираше кај судијата, а камерите дури снимија и како пушта солза. Оливер потоа се обиде да го утеши, исто како и капитенот на Вест Хем, Џарод Боувен.
Пакета под истрага поради жолти картони
Лукас Пакета цела сезона игра под сенка на истрага за потенцијално намерно добивање жолти картони со цел неговото семејство и пријатели да профитираат преку обложување. Обвиненијата против него вклучуваат четири такви случаи.
🚨 Lucas Paqueta cries after receiving a yellow card 😨! pic.twitter.com/KVudD7fX7E
— KinG £ (@xKGx__) May 4, 2025
Истражителите откриле околу 60 облози на неговите жолти картони во натпревари од 2022 и 2023 година, со влогови од 7 до 400 фунти. Некои од тие облози се поврзани со неговото семејство. Пакета остро ги негира сите обвиненија, тврдејќи дека опомените се резултат на неговиот агресивен стил на игра. Неговиот правен тим нагласува дека опцијата за обложување на жолти картони е многу популарна и дека Пакета има репутација на борбен играч кој често прави прекршоци.
Минатото лето пропадна негов трансфер вреден 95 милиони евра во Манчестер Сити токму поради истрагата што ја отвори Фудбалската асоцијација на Англија.
Пакета се повлече и од бразилската репрезентација за да се фокусира на правната одбрана. Тој целосно соработува со истрагата, предал телефонски записи, банкарски извештаи и својот мобилен телефон. Доколку обвиненијата се потврдат, му се заканува доживотна забрана за играње фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
