Connect with us

Гостивар напушти терен, Шкендија спаси бод, триумф за Пелистер

Гостивар и Работнички играа натпревар без присуство на гледачи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а од него произлезе нов скандал затоа што домаќините го напуштија теренот, се повлекоа во 85.минута, при резултат 1-2. Додека беа во водство, ништо не навестуваше таков развој на настаните. Ли Ервин постигна гол за водство на Гостивар во 66.минута, но девет минути подоцна доби црвен картон. Матеј Ангелов израмни, а Кристоџеј Далеј погоди за пресврт во 84.минута. По ова, Гостивар одлучи да го напушти теренот.

Во Кратово, Силекс беше домаќин на Струга Трим Лум и ремизираше без голови против сѐ уште актуелниот шампион.

Шкендија спасуваше бод (3-3) против Шкупи во Тетово. По двата автогола на почетокот, Демир Имери постигна прекрасен гол, а Џемал Ибиши зголеми на 1-3 пред полувремето. Но, во вториот дел, Шкендија постигна два гола за реми. Диене во 58.минута си постигна автогол за 2-3, а Аденис Шала донесе израмнување во 86.минута од дуелот.

Во Битола се играше дуел за опстанок, Пелистер го пречека Тиквеш. Славеше домаќинот со 1-0, со голот на Тарасенко во 75.минута.

Вчера Вардар ја победи Беса со 3-1, а за утре е закажан дуелот меѓу Брера и Воска Спорт, но јасно е дека струмичани ќе прокнижат три бода на зелена маса, со оглед дека Воска јавно се откажа од понатамошниот настап во Првата лига.

ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 1-2 (прекин во 85.)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 3-3

СИЛЕКС – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 0-0

ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 1-0

ВЧЕРА: ВАРДАР – БЕСА 3-1

УТРЕ: БРЕРА – ВОСКА СПОРТ (?)

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови