Без дилеми, најжешко денеска (16 часот) ќе биде под Исарот во Штип, каде Брегалница го пречекува лидерот Македонија ЃП. За „сините“ ова е клучен меч во битката за враќање во Првата лига, со оглед дека бодовната разлика е +5 за гостите од Ѓорче, како и за второпласираниот Башкими, па на Брегалница ѝ одговара само едно: победа и три бода!
Паралелно, Башкими го очекува незгодно гостување кај Осогово во Кочани, додека третопласираниот Арсими гостува кај Детонит.
Иако и по денешното 26. коло нема целосно да се реши трката за промоција, сепак некои работи би можеле да станат многу појасни. Особено ако Македонија ЃП успее да слави во Штип – тогаш Брегалница би западнала во сериозна криза, дополнително и ако Башкими и Арсими ги добијат своите натпревари.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 26. КОЛО (денеска, 16 часот)
Брегалница – Македонија ЃП
Детонит – Арсими
Кожув – Беласица
Скопје – Охрид
Вардар Неготино – Борец
Осогово – Башкими
Вардарски – Победа
Саса – Новаци
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













