УЕФА исплати рекордни 233 милиони евра на вкупно 901 клуб од 55 држави, како надомест за тоа што фудбалерите им играле за репрезентациите во периодот од 2020 до 2024 година. Тоа е дел од програмата за компензација на клубовите за меѓународни настапи.
На врвот на листата – Реал Мадрид, со 4,79 милиони евра. Веднаш зад нив, Интер со 4,65 милиони. А како што може да се очекува, македонските клубови добија – скромен дел од оваа милионска сума.
Според официјалните податоци, седум клубови од Македонија ќе поделат вкупно 150.019 евра. Најголем дел оди кај Шкендија – 65.862 евра. Потоа следуваат Работнички со 25.613 евра, Академија Пандев со 21.954 евра и Вардар со 14.636 евра. Силекс, Шкупи и Македонија ЃП добиваат по 7.318 евра.
Причината за ваквите мали износи? Едноставна – малку фудбалери од домашното првенство играат за националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













