Connect with us

Нова повреда за Нејмар, теренот го напушти во солзи (ВИДЕО)

Некогашнотo златнo момче на бразилскиот фудбал, Нејмар, повторно се најде во центарот на вниманието – но не поради магијата на теренот, туку поради нова тешка повреда. Во натпреварот од четвртото коло на бразилското првенство против Атлетико Минеиро, играчот на Сантос го напушти теренот со болка и солзи, оставајќи впечаток на човек кој се соочува со суровата реалност на крајот.

Првичните индикации говорат за повреда на задната ложа – проблем кој Нејмар добро го познава. Со оглед на неговото здравствено досие и бројните отсуства од терените во последниве години, особено во Саудиска Арабија каде речиси и не играше, оваа повреда може да биде последниот удар.

По враќањето во матичниот Сантош, Нејмар се обиде да го врати сјајот – одигра десет натпревари од јануари досега, постигна три погодоци и исто толку асистенции. Но токму кога навивачите почнаа повторно да сонуваат, судбината повторно застана на патот.

Стадионот замолкна кога падна на тревата. А потоа – стоечки аплауз. Сите на трибините го поздравија својот миленик, кој со солзи во очите го напушташе теренот како дете кое знае дека приказната можеби завршува.

Во моментот на повредата, Сантос водеше со 2-0, со головите на Зе Ивалдо и Бареал – резултат што остана непроменет до крајот. Но вистинската приказна од овој натпревар не беше резултатот, туку можеби последниот танц на еден од најталентираните фудбалери на својата генерација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови