Connect with us

Марсело верува во пресврт: Реал си е Реал…

Реал Мадрид се наоѓа во тешка ситуација по поразот од 0-3 против Арсенал во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите во Лондон. За пласман во полуфиналето, на „кралевите“ ќе им биде потребно вистинско чудо. Но токму во тоа верува и легендата на клубот, Марсело, кој останува оптимист и покрај високиот пораз.

„Никогаш не смееш да го отпишеш Реал Мадрид. Иако три гола изгледаат многу, јас сè уште верувам дека можат да направат пресврт. Реал е Реал и секогаш го добива она што го сака. Реваншот се игра на „Бернабеу“, пред нашите навивачи, кои ќе дадат сè од себе, и играчите веруваат дека можат да успеат“, вели легендарниот Марсело.

Бразилецот, кој освои 25 трофеи со Реал Мадрид, додаде и дека духот на клубот никогаш не дозволува предавање.

„Од кога сме во Реал, научивме никогаш да не се откажуваме. Тоа ни е во крвта. Тоа е дел од ДНК-та на клубот – упорна работа, смиреност, секојдневен труд и поддршка од навивачите.“

Реваншот ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“, каде што Реал многупати досега направил неверојатни пресврти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови