
Турскиот фудбалски великан Фенербахче ќе се раздели летово со босанскиот голгетер Един Џеко, чиј договор истекува во јуни. Според медиумите, Фенербахче ќе се откаже од Џеко бидејќи планира да ја ангажира легендата на Баерн Минхен, Томас Милер.
На тој начин, буџетот на Фенер ќе биде ограничен во одредена мера, па тие претпочитаат да издвојат повеќе средства за Томас Милер, кој заминува од баварскиот клуб.
Сопственикот на турскиот тим, Али Коч, ги уверил членовите на управата дека понудата за германскиот офанзивен играч нема да зависи од тоа дали клубот ќе стане шампион или не.
Во моментов, Фенербахче, предводен од португалскиот стручњак Жозе Мурињо, се наоѓа на второто место на табелата со 71 бод, три помалку од лидерот и актуелен шампион Галатасарај. Разликата претходно изнесуваше дури шест бода, но беше намалена на половина по поразот на Галатасарај од Бешикташ со 1-2 пред две недели.
Најверојатната следна дестинација за Един Џеко е Фиорентина. Иако има 39 години, еден од најуспешните босански фудбалери на сите времиња има вкупно 92 натпревари, 44 постигнати голови и 17 асистенции во дресот на Фенербахче.
Тој пристигна во 2023 година, откако претходно две сезони ги бранеше боите на Интер. Неговата богата кариера вклучува настапи за клубови како Манчестер Сити, Волфсбург, а вистинскиот пат го започнува во Чешка, каде неговото семејство емигрирало поради војната во поранешна Југославија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
