
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изрази задоволство од победата со 3-1 над Астон Вила во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тој изјави дека е среќен поради резултатот, но додаде дека очекува тежок реванш следната недела.
„Тие постигнаа гол што тешко го прифативме. Сепак, знаевме дека мора да го добиеме овој натпревар, а голот во последната минута ќе биде од голема корист за нашата самодоверба. Мораме да размислуваме и за реваншот, кој сигурно ќе биде доста тежок“, започна Луис Енрике.
„Важно е да веруваме во себе, а овие три гола беа одлични, со голема класа. Многу сме задоволни од резултатот. Ќе биде тешко на ‘Вила Парк’, но ќе играме на ист начин. Тоа е во нашето ДНК“, додаде Шпанецот.
„Во нашиот тим има многу квалитетни фудбалери со голема амбиција. Се обидуваме да победуваме и да се бориме на секој натпревар. Нашите навивачи се фантастични секојпат. Ова беше навистина добар ден за нас“, заврши Енрике.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
