ФИФА ќе разгледа можност за проширување на Светското првенство 2030 на 64 репрезентации, со цел да ја одбележи стогодишнината од овој фудбалски настан, пишува „Њујорк Тајмс“.
Мундијалот во 2030 година ќе се одржи во Мароко, Шпанија и Португалија, а Аргентина, Парагвај и Уругвај – каде што се одржа првото издание на турнирот – треба да бидат домаќини на три натпревари.
Форматот на Светското првенство веќе беше проширен од 32 на 48 селекции за наредното издание во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада.
Предлогот за ново проширување, овој пат на 64 селекции, беше изнесен од уругвајскиот делегат Игнасио Алонсо на крајот од состанокот.
Меѓутоа, предлогот наишол на запрепастување и молк кај учесниците на состанокот.
„Њујорк Тајмс“ наведува дека ФИФА ќе ги земе предвид финансиските и политичките придобивки, покрај спортските, при донесувањето на конечната одлука. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го нарекол предлогот „интересен“ и истакнал дека ќе биде подетално анализиран.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер убедливо го порази Комо (ВИДЕО)













