
Лаутаро Мартинез беше еден од хероите за Интер во победата од 0-2 против Феенорд во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Аргентинецот го постигна вториот гол на натпреварот и со тоа стигна до 18 погодоци за „нероаѕурите“ во најпрестижното европско натпреварување, станувајќи најдобриот стрелец на клубот во оваа конкуренција.
„Гордост е првиот збор што ми паѓа на ум. Никогаш не сум замислувал дека ќе постигнам вакво нешто. Му благодарам на Интер, на навивачите и на соиграчите. Исто така, огромна благодарност до моето семејство, како во Италија, така и во Аргентина, бидејќи секогаш ме поддржуваат, и во добрите и во лошите моменти“, изјави Лаутаро.
„Играме натпревари на секои два дена веќе осум месеци. Многу од играчите настапуваат и за своите национални тимови, но сепак се обидуваат да дадат сè од себе за клубот. Навистина страдавме против Феенорд, а мислам дека Бастони заслужуваше да биде избран за ‘играч на натпреварот’ поради сите жртви што ги направи“, додаде Аргентинецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
