
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го сподели своето мислење по триумфот на неговиот тим со 2-1 против Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Како и секогаш, натпреварот против Атлетико беше тежок. Во првиот дел загубивме премногу топки и направивме неколку непотребни грешки. Хулиан Алварез успеа да постигне гол по одлична индивидуална акција. Во второто полувреме се поправивме, ја презедовме контролата и ја искористивме шансата да направиме разлика“, изјави Анчелоти.
Ова беше третото градско дерби оваа сезона, но Реал Мадрид конечно стигна до првата победа.
„Работевме многу, го држевме натпреварот под контрола и вршевме притисок кога требаше. Но, нашата главна цел не беше само да напаѓаме, туку и да останеме тактички стабилни. Тимот беше компактен од почеток до крај“, додаде италијанскиот стратег.
Двата претходни дуели во Ла Лига завршија нерешено (1-1).
„Камавинга не беше целосно подготвен. Имаше проблеми со грбот, што го ограничуваше, па затоа решивме да му дадеме шанса на Модриќ, кој внесе искуство и смиреност“, објасни Анчелоти.
Реал Мадрид ќе влезе со голема самодоверба во реваншот, бидејќи историјата е на нивна страна – двапати ја освоија титулата во Лигата на шампионите токму по финалиња против Атлетико, во 2014 и 2016 година.
„Имаме мала предност, но сè уште ништо не е готово. Атлетико сигурно ќе нападне повеќе во реваншот, па ќе биде тешко. Ова се два тима со огромен квалитет – натпреварот можеше да биде полуфинале или финале, а не осминафинале. Ниту ние сме среќни што играме против нив, ниту тие што играат против нас“, заврши Анчелоти.
Реваншот е закажан за 12 март на „Метрополитано“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
