
Интер доби добри вести пред дуелот со Феенорд во осминафиналето од Лигата на шампионите. Јан Зомер и Хакан Чалханоглу најверојатно ќе бидат подготвени за натпреварот.
Турскиот играч од средниот ред денеска тренираше со тимот, откако имаше сомнежи за неговото закрепнување по замената на мечот против Наполи. Швајцарскиот голман, пак, се очекува да се врати по повредата што го оддалечи од последните натпревари, иако би можел да брани со специјална шина на раката поради скршен палец.
Симоне Инзаги ќе реши дали да ризикува со Зомер, бидејќи неговиот заменик Хосеп Мартинес одигра одлично во негово отсуство.
Сепак, проблемите со повреди во тимот продолжуваат. Федерико Димарко ќе отсуствува три недели, а Карлос Аугусто, Никола Залевски и Матео Дармијан исто така се повредени. Поради ова, единствениот здрав бек е Дензел Думфрис, па според „Газета дело спорт“, Инзаги размислува да го искористи Алесандро Бастони како лев бек.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
