Connect with us

Јувентус ја победи Верона и се врати во зоната за ЛШ (ВИДЕО)

Јувентус ја оствари 13. победа во Серија А оваа сезона откако на домашен терен ја совлада Верона со 2-0. Не беше така глатко за избраниците на Тијаго Мота, кои дојдоа до триумф дури во финишот од дуелот.

Верона пред крајот на првиот дел постигна погодок, но не беше признат по прегледување на ВАР-снимката.

Кефрен Турам донесе водство за Јувентус во 73.минута, а потоа и му асистираше на Тун Копмајнерс за потврда на триумфот во 90.минута.

По овој триумф, Јувентус повторно се искачи на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите, прескокнувајќи го Лацио.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови