
На денешен ден во 2002 година, Денис Бергкамп постигна фантастичен гол во дресот на Арсенал против Њукасл. Еден од најголемите холандски фудбалери на сите времиња ја прими топката од Роберт Пирес, со елегантен маневар го заврти дефанзивецот Никос Дабизас, кој падна на теренот, и потоа без проблем го совлада голманот Шеј Гивен.
Овој спектакуларен потег на Бергкамп беше прогласен за најдобар гол во историјата на Премиер – лигата.
„Неверојатен гол. За нас беше привилегија да го видиме во живо. Вакви потези се ретки“, изјави тогашниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер.
Менaџерот на Њукасл, Сер Боби Робсон, нагласи дека никој од неговите играчи не може да биде обвинет за тоа што Холанѓанецот изведе таков магичен потег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
