Connect with us

„Милионерите“ подобри од Сент Паули, изненадувачки пораз на Лајпциг (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ја запиша втората последовна победа, триумфирајќи со 0-2 на гостувањето кај Сент Паули во 24. коло од германската Бундес-лига.

Првото полувреме заврши без голови, но „милионерите“ ја завршија работата во вториот дел.

Серху Гираси го отвори резултатот, а Карим Адејеми го запечати триумфот на Борусија Дортмунд, кој сега има 35 бода. Сент Паули останува веднаш над опасната зона со 21 освоен бод.

На останатите натпревари, Борусија Менхенгладбах славеше со 0-3 на гостувањето кај Хајденхајм, Волфсбург со 1-2 го совлада Вердер, Лајпциг претрпе изненадувачки пораз од Мајнц (1-2), а Хофенхајм оствари минимална победа од 0-1 против Бохум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови