Пелистер ја одработи главната фаза од подготовките во Охрид и се врати во Битола, каде што ќе ја одигра генералката против Новаци на 9. февруари.
Тренерот Срѓан Захариевски им даде шанса на сите фудбалери освен на повредените Андреј Јовчевски и Мирко Ивановски. Како што вели, тој е задоволен од сработеното и верува дека Пелистер е подготвен за пролетните искушенија.
„Сакаме Пелистер да игра поофанзивен фудбал, да создаваме шанси, а ни останува да видиме како сето тоа ќе го вкомпонираме во една целина. Сакаме да работиме напорно во овој период, на тоа сме целосно посветени и во тој ритам ги работиме подготовките. Најважно за нас е она што ќе го подготвиме, да се примени на терен на официјални натпревари. Сите фудбалери имаат минутажа, но на крајот ќе видиме кој ќе се избори за место во првиот тим“, истакнува Захариевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













