
Арсенал ја запиша својата 12. победа оваа сезона во Премиер лигата, триумфирајќи над Тотенхем со 2-1 на домашен терен. Со оваа победа, „топчиите“ собраа 43 бода, намалувајќи ја разликата до лидерот Ливерпул на четири бода, иако „црвените“ имаат одиграно натпревар помалку.
Хјонг-Мин Сон го отвори резултатот за Тотенхем во 25. минута, но автоголот на Соланке во 40. минута го израмни резултатот за Арсенал. Само четири минути подоцна, Леандро Тросар погоди за пресврт, кој на крајот се покажа како доволен за победа.
Во останатите натпревари, Њукасл убедливо го совлада Вулверхемптон со 3-0, благодарение на двата гола на Александер Исак и еден на Гордон. Астон Вила победи минимално (0-1) на гости против Евертон, а Кристал Палас славеше со 0-2 на гостувањето кај Лестер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!
