Арсенал постигна договор со европскиот шампион Мартин Зубименди и ќе го доведе играчот од средниот ред на Реал Сосиедад по завршувањето на тековната сезона, јавуваат водечки извори од Англија, вклучувајќи ги „Скај Спорт“, „Атлетик“ и „Дејли Мејл“.
„Топчиите“ го следат Зубименди повеќе од една година, а летото Ливерпул беше подготвен да ја плати неговата откупна клаузула, но самиот играч одлучи да остане во својот клуб. Интерес за Зубименди покажуваше и Манчестер Сити, кој го гледаше како замена за повредениот Родри.
Сегашните информации велат дека Арсенал веќе постигнал договор со Зубименди и ќе ја активира неговата клаузула, која изнесува 51 милион фунти. Се вели дека менаџерот на Арсенал, Микел Артета, одиграл клучна улога во убедувањето на Зубименди да ја прифати понудата на клубот.
Иако Арсенал сакал трансферот да се реализира веднаш, Реал Сосиедад инсистирал играчот да остане до крајот на сезоната.
Овој трансфер е од голема важност за Арсенал, бидејќи клубот ќе се раздели со Томас Парти и Жоргињо, чии договори истекуваат ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













