
Александар Исак е главната цел на Арсенал за летниот трансфер период, а се шпекулира дека би можеле да понудат дури 150 милиони евра за неговиот потпис. Според англиските медиуми, клубот од Лондон се откажал од обидот да го доведе 25-годишниот напаѓач на Њукасл во јануари, но останува силно заинтересиран за него за следната сезона.
Арсенал мора да внимава на правилата на Премиер – лигата за профит и одржливост (Profit and Sustainability Rules), па планира да го намали буџетот со тоа што ќе дозволи истекување на договорот на Томас Парти. Исто така, се разгледува продажба на Олександер Зинченко и Габриел Жесус за да се ослободат средства за потенцијалниот трансфер.
Според информациите, Њукасл би барал рекордна сума за Исак, со можност трансферот да го надмине досегашниот најскап во англискиот фудбал – ангажманот на Енцо Фернандез во Челси за 120 милиони евра во 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
