Евертон го отпушти менаџерот Шон Дајш откако оваа сезона во англиската Премиер – лига освои само 17 бода во 19 одиграни натпревари.
Евертон беше без победа во последните пет кола, со биланс од три ремија и два пораза, па управата на клубот одлучи дека најдобро решение е да се разделат со Дајш, кој во 83 натпревари оствари 26 победи, 24 ремија и 33 порази.
Особено интересна е „борбата“ за наследникот на Дајш на клупата на Евертон.
Англиските обложувалници веќе ги објавија коефициентите за новиот тренер на „Карамелите“, а двајца кандидати се издвојуваат – Дејвид Мојес и Жозе Мурињо.
Мојес би можел да се врати во Евертон по 11 години и осум месеци, додека Мурињо е отсутен од Премиер – лигата веќе три години и девет месеци.
Мојес има предност, пред сè, бидејќи е слободен на пазарот од јуни оваа година, кога му истече договорот со Вест Хем, додека Мурињо е под договор со Фенербахче.
Од останатите кандидати вреди да се споменат поранешниот тренер на Милан, Пауло Фонсека, како и поранешните селектори на Англија, Герет Саутгејт и Ли Карсли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal