
Италијанскиот шампион Интер подготвува понуда во јануари за левиот бек на Арсенал, Олександр Зинченко. Поранешниот играч на Манчестер Сити го загуби стартното место на „Емирати“ и започна само два натпревари во Премиер – лигата од почетокот на сезоната.
Според медиумите на Островот, менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, е отворен за можноста клубот да го продаде Украинецот. Шпанецот во голема мера се потпира на Јуриен Тимбер и Рикардо Калафиори на оваа позиција, а во последно време сè почесто го користи и младиот Мајлс Луис-Скели.
Другиот лев бек, Киран Тирни, исто така ќе го напушти Арсенал, најверојатно ќе се врати во Селтик.
За следното лето Артета сака да го ангажира Тео Хернандез од Милан. Договорот на Французинот истекува во 2026 година, а ако до летото не потпише нов договор, „росонерите“ ќе мора да го продадат за да избегнат да го изгубат без надомест.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal